Секој почеток е тежок, а тоа најдобро го знаат оние кои го поминале тој пат. Токму затоа Комерцијална банка во своите приоритети ја става поддршката на сите коишто ги прават првите чекори во светот на прозното творештво и по 15. пат е ексклузивен спонзор на наградата „Новите“ на Конкурсот за најдобар прозен дебитантски ракопис во организација на книгоиздателството „Темплум“.
На овогодинешниот лауреат Комерцијална банка ќе му додели парична награда во вредност од 92.250,00 денари, покажувајќи уште еднаш дека несебично ги поддржува младите и недоволно афирмирани автори, како и новите тенденции во поезијата и прозата.