Комерцијална банка на своите клиенти им посакува добредојде на новата веб страна www.kb.mk. Сите сме сведоци на динамични промени во нашето живеење и работење, кои ги менуваат потребите, желбите, навиките, обврските… Комерцијална банка ги препозна овие промени како нов предизвик и инвестираше во нов дигитален дом кој ќе ги направи работењето и производите и услугите на Банката уште поблиски до клиентите.

Истовремено со новата веб страна, Комерцијална банка го претстави и својот нов визуелен идентитет и новиот слоган “ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО”. Овие новини Комерцијална банка ги објавува со големо задоволство бидејќи не се само нов изглед за Банката, туку претставуваат дел од новиот приод со кој уште повеќе Банката се доближува до потребите на граѓаните и на компаниите и со тоа го олеснува секојдневното живеење со сите негови предизвици.

Комерцијална банка со целокупната своја понуда на производи и услуги, со модернизираните експозитури и филијали и со обемното искуство и знаење на вработените продолжува со својата длабока посветеност да одговори на сѐ што е важно за личните и корпоративните финансии на постоечките и новите клиенти.

Забрзаната дигитализација, Комерцијална банка одамна ја препозна и токму поради тоа одржува врвен квалитет на Интернет банка и на мобилните апликации мБанка и мБанкаКо, притоа отворајќи дигитални експозитури, поставувајќи напредни банкомати за исплата и уплата на готовина и воведувајќи низа производи и услуги за електронски финансиски трансакции.

Промените се неизбежни, а интензивната дигитализација е таа која најмногу ги менува потребите на граѓаните и на компаниите на патот кон успехот. Сепак, човечкиот контакт, поддршката од блиските и разбирањето остануваат незаменлив предуслов за остварување на целите и сништата, чии и да се.