На „Facebook” е забележана страница која има објавено видео содржина со која повикува на симнување апликација (игра) и алудира на брза добивка на пари. Во видеото се прикажува лажна СМС порака од Комерцијална банка за прилив на средства.

Комерцијална банка АД Скопје ги известувасвоите клиенти дека нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку „Facebook” или преку апликација. Уште еднаш банката ги советува своите клиенти да бидат исклучително внимателни кога ги споделуваат своите лични податоци додека се на Интернет.

Страната и видео содржината веќе се пријавени на „Facebook” како измама. По целосна анализа на случајот, Банката ќе преземе соодветни мерки пред надлежните институции согласно позитивните законски прописи.