Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2026 година ќе врши исплата на дивиденда за 2025 година. Право на исплата на дивиденда за 2025 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2026 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

Средствата од дивидендата за 2025 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на Банката www.kb.mk, во делот ЗА НАС \ Односи со инвеститори.

Согласно  Законот за данокот на личен доход, Банката по извршената исплата на дивиденда, ќе ја издаде пресметката за аконтација на данокот на доход од капитал-дивиденда остваренa со учество во добивката во 2025 година, a исплатена во 2026 година, и истата ќе биде достапна за секој акционер евидентиран во книгата на акции на 14.04.2026, преку шалтерите на Банката.

Ги информираме акционерите корисници на електронско/мобилно банкарство на Банката дека пресметката ќе биде достапна и преку овие канали.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02)  3168-323; 3168-309; 3168-311; 3168-313.