Комерцијална банка и нејзината Mastercard Platinum картичка ќе помогнат во текот на оваа и наредната година локалот Аудиокултура да биде местото кое ќе донесе серија музички настани со одбран репертоар за несекојдневно уживање на публиката.

Совршената музика доаѓа од врвни уметници на уникатно место, а токму тоа ѝ го нуди на публиката проектот „Live At Audiokultura“. Водени од нашата определба како општествено одговорна компанија да поддржуваме вредни и амбициозни проекти, Комерцијална банка е Генерален покровител на овој несекојдневен настан.

За Комерцијална банка претставува огромно задоволство да даде поддршка за афирмирање и негување на квалитетна музика од домашни и меѓународни респектабилни уметници. Со оваа своја поддршка, Комерцијална банка и нејзината Mastercard Platinum картичка ќе помогнат во текот на оваа и наредната година локалот Аудиокултура да биде местото кое ќе донесе серија музички настани со одбран репертоар за несекојдневно уживање на публиката. Покрај веќе етаблирани музички имиња, заслужена поддршка и сцена да се претстават ќе добијат и млади таленти кои се истакнуваат со својот квалитет и оригиналност.

Идеите и активностите за промовирање на врвната култура и уметност се подеднакво важни за квалитетен живот, напредок и оставање богато наследство на идните генерации. Токму затоа Комерцијална банка останува посветена на соработката и поддршката на проектите кои даваат еден специфичен и софистициран придонес за подобро општество.