Изборот на Комерцијална банка за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ од угледниот магазин Global Finance по 13-ти пат е уште една потврда на посветеноста на Банката на потребите на клиентите.

Банката е особено горда на оваа награда, која е признание и за успешното работење и за одличните финансиски резултати.

Признанијата и постигнатите деловни резултати, пак, се епилог на постојаната посветеност на Комерцијална банката на своите клиенти, на кои им нуди широка палета на производи и услуги, како и на континуираните иновации со кои на најефикасен начин ги задоволува нивните потреби.

Наградата „Најдобра банка за 2024 година“ значи припадност на Комерцијална банка во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 31-то издание на годишните награди на Global Finance.

Според Global Finance, традиционално победници се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите, постигнале силни резултати и управувале со своите средства и обврски на разумен начин во услови на брзо менливи каматни стапки.

Комерцијална банка во последните пет години редовно е добитник на признание за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance. Тие се признание за лидерството и успехот што ги покажува Банката во сите сегменти од своето работење.