Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање пораки по електронска пошта, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката.

Во пораките се испраќа лажно известување за недостапност на функции на платежната сметка, кое содржи линкови и повик за ажурирање податоци.
„Не кликај на линковите и не отворај прилози. Не внесувај лични податоци, кориснички имиња и лозинки, броеви од платежни картички, ПИН-ови и други сензитивни податоци. Доколку добиеш ваква порака, веднаш избриши ја“, соопштија од банката.

Со кликање на линковите или отворање прилози се изложуваш на ризик од неовластен пристап до сензитивни податоци или инсталација на злонамерен софтвер на уредот, предупредуваат од банката.