Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти – нефинансиски правни лица кои добиваат известувања за каматни листи по пошта дека овие информации отсега ќе ги добиваат електронски – преку e-mail комуникација.

Во насока на ублажување на последиците од епидемијата на КОВИД-19 во ситуација на вонредна состојба, Комерцијална банка настојува својата комуникација со клиентите да ја врши на безбеден начин. Оттука и потребата доставата на сите известувања да се прави електронски.

Банката ги информира клиентите – нефинансиски правни лица кои немаат пријавено e-mail за достава на овие известувањата дека известувањата-каматни листи ќе им бидат испратени на e-mail адресите што ги имаат пријавено во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Доколку е-mail адресите кои се пријавени во Централниот регистар на Република Северна Македонија се нефункционални или неисправни, од банката ги повикуваат клиентите најдоцна до понеделник, 30.03.2020 година, да достават податок за e-mail на кој што Комерцијална банка ќе им ги доставува известувањата.

Од банката апелираат, податоците да бидат доставени со пополнување на следниот образец – линк, на следната e-mail адреса: [email protected].