Комерцијална банка е добитник на признанието од Visa за остварен најголем раст во прифаќањето картички во трговијата (Exceptional Merchant Acquiring Growth) во земјава во 2023 година.

Благодарејќи на одличните перформанси и функционалност на современите дигитални услуги и на врвната поддршка од стручните тимови на Комерцијална банка, годинава бележиме значителен раст на бројот на продажни места кои користат POS терминали на Банката. На наше задоволство, ова резултира и со значаен пораст на прометот во продажната мрежа на Банката, како и со зголемено пазарно учество.

Признанието од светскиот aвторитет во дигиталните плаќања Visa е уште една потврда дека современите дигитални услуги на Комерцијална банка значат можност за успешен и растечки бизнис на нашите клиенти, меѓу кои се и трговските субјекти. Со E-commerce и ПОС терминалите на Банката тие добиваат можност за зголемена продажба, не само во продавница туку и онлајн 24/7 на купувачи од целиот свет, што веќе не е предизвик туку потреба на секој бизнис од областа на трговијата.

Дигиталните услуги на Комерцијална банка постојано се иновираат и развиваат, а сѐ со цел на клиентите да им понудиме најдобра услуга. Наградите и довербата од клиентите значаат поттик да продолжиме во оваа насока и во иднина.