КБ пакети подготви Комерцијална банка за своите клиенти, кои обезбедуваат бројни банкарски услуги и цени пониски од редовните.

Понудата се состои од КБ Стандард, КБ Плус и КБ Бонус пакетите кои, посочуваат од Банката, значат ефикасно, брзо и едноставно завршена работа, а сето тоа за симболична цена која се плаќа еднаш месечно.

Наменети се за клиентите кои во Комерцијална банка имаат денарска или девизна платежна сметка, користат мБанка и Интернет банка, поседуваат дебитни и кредитни картички, плаќаат со Google Pay и Garmin Pay или на рати без камата со дебитните картички, кои имаат потреба од дозволено пречекорување. Притоа, овозможена им е целосна контрола врз личните финансии.

Пакетите се активираат со барање кое се пополнува во некоја од експозитурите на Комерцијална банка. Сметка, пак, може да се отвори онлајн, со електронска идентификација преку OneID, при што и избраниот пакет може да се активира при подигање на дебитната картичка.