Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со М.И.Р. Фондацијата и Стопанската комора од Кочаели, Република Турција, со поддршка на Европската претприемачка мрежа- ЕЕН, организираат Компаниска мисија и деловни средби меѓу жени претприемачи од Северна Македонија и Турција.

– Бизнис делегацијата предводена од жени претприемачи, од над петнаесетина компании од различни сектори, ќе ја посети С. Македонија со цел генерирање на нови деловни контакти со потенцијални деловни соработници, како и размена на искуства и добри практики меѓу организациите кои ги поддржуваат и застапуваат интересите на жените претприемачи од двете земји, соопштија од Стопанска комора.