Њујоршката берза “Вол-Стрит” го забележа својот најлош ден во последните години.Имено берзанскиот индекс на 30 најголеми американски компании падна за 1,175 поени во еден ден.Ова е најголем пад од 24 август 2015 година кога беше забележан пад од 1,089 поени.

“Многу луѓе кои што работат на оваа берза повеќе од 3-4 години не виделе ваков пад”-вели Денис Дик еден од тргувачите со недвижнини со седиште во Лас Вегас.Потешко ке биде протагонистите на берзата да се опорават пред се од психолошкиот шок.
Како последица на падот на Њујоршката берза, и останатите берзи ширум светот го следеа овој тренд.Така на Кинеската берза индексот падна за 3.35 проценти , на Јапонската за 5 проценти , Руската за 1.82 проценти.