Во однос на хонорарците, премиерот рече дека тие ќе имаат можност доброволно да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Притоа, ќе има посебна платформа, затоа што тие немаат постојани вработувања.

Прогресивно оданочување нема да има, не се предвидуваат нови даноци, данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 проценти и нема да се оданочуваат каматите на депозитите на штедни влогови, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната владина седница. Тој рече дека почнува да се имплементуира даночната реформа од 1 јануари.

„Зборот праведност е клучен во даночната реформа. Таа треба да обезбеди даночен систем кој ќе биде ефикасен, праведен, со поголема транспарентност и со нагласена борба против сивата економија. Истовремено ќе имаме и зелено оданочување“, рече Ковачевски.

Во однос на хонорарците, тој рече дека тие ќе имаат можност доброволно да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Притоа, ќе има посебна платформа, затоа што тие немаат постојани вработувања.

Во однос на данокот на добивка, доколку добивката не се реинвестира, а тоа се искористи како даночно ослободување, ќе се применат многу високи казни, за да се избегнат злоупотребите.

„Дополнително, ќе има оданочување на екстра профитот на компаниите кои во време на криза оствариле поголема добивка“, рече премиерот.