Веќе имавме едно зголемување на пензиите во јануари од 2, 9 проценти со усогласувањето. Започнавме анализи за дополнително покачување и наскоро може да очекуваме повторно зголемување на пензиите, кажа премиерот Димитар Ковачевски кој додаде дека иако сме во криза, државата им помага на граѓаните и стопанството.

Според Ковачевски, повисоката нето плата ќе значи зголемување на буџетот и животниот стандард.

„За менаџментот е важен фактот што државата ќе ги субвенционира придонесите“, додаде тој.