„Сега земјоделците добиваат авансно субвенции, за прв пат добија 30% од субвенцијата авансно, на крајот од минатата година. 100% е зголемено зелената нафта која што ја добиваат по хектар, таа веќе дојде на 9,600 денари по хектар за земјоделците за обработка, од државата добиваат нафта“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека за разлика од претходно кога државни службеници, вработени во МВР и Влада добиваа субвенции, сега субвенциите ги добиваат вистинските земјоделци.

Претседателот на СДСМ рече дека во неговиот мандат е направено многу и по 17 години чекање, земјата започна преговори со ЕУ и од заробена држава сега е демократска.

„Ние бевме според слободата на медиумите 138 место во светот, денес сме 38 место во светот. Тоа е благодарение на заложбите на Владата, на заложбите на политичките партии во Владата – медиумите да бидат слободни. Порано вести им редеа, самите се срамат кога ќе им го кажам тоа на ТВ, не го коментираат, затоа што знаат дека е така. Сега никој не им се јавува какво прашање ќе постават или нема да постават“ рече Ковачевки.

Претседателот на СДСМ истакна дека тоа се стандарди од кои нема бегање во иднина.