Пазарот на криптовалути расте втор ден по ред, а капитализацијата сега изнесува 1,79 трилиони долари, што е за 4,1 отсто повеќе од вчера.

Според веб-страницата „Коингеко“, биткоинот повратил уште 4 отсто во последните 24 часа и моментално се тргува за 37,807.16 долари.

Етереумот во истиот временски период поврати 3,6 отсто од вредноста и се тргува по цена од 2,499.48 долари.

Многу аналитичари на пазарот на криптовалути велат дека следното стабилизирање на цените на крипто-пазарот, користејќи го биткоин како репер, ќе биде 30.000 долари за еден биткоин, пишува CNBC, но тие исто така наведуваат дека цените нема да закрепнат на долг рок, нешто што меѓу експертите е познато како „крипто-зима“.