Втор ден по ред, пазарот на криптовалути расте во вредност. Капитализацијата на целиот пазар е зголемена за 3,1 отсто во последните 24 часа, и во моментов изнесува 2,05 трилиони долари.

Биткоинот, дигиталното злато, во моментов вреди 44.859 долари, што претставува зголемување од 3,6 проценти во последните 24 часа.

Етериумот, вториот синоним кога се споменуваат криптовалутите, порасна за 3% во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 3.098 долари.