Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ ја изработи бесплатната мобилна апликација „ИноБиз“ која има за цел да им помогне на македонските компании да пронајдат странски партнери за бизнис соработка, трансфер на технологии и учество во проекти за истражување и развој.

Компаниите преку мобилната апликација ќе бидат во тек со сите случувања во областа на иновациите и технолошкиот развој, ќе добиваат известувања за отворени повици за финансирање, барања од странски компании за соработка како и можности за учество на конференции и настани за вмрежување. Покрај тоа, апликацијата содржи и ресурсен центар кој ќе им понуди на компаниите корисни содржини за подигнување на нивните капацитети за иновации како и можност за проценка на степенот на технолошка подготвеност преку прашалникот за технолошки аудит.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ е финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (ПСМ) во партнерство со МИР Фондација и АРК Фонд од Бугарија и има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Мобилната апликација е достапна за Android и iPhone мобилни телефони и може да се симне од следниве линкови:

Android

iOS

Извор: pretpriemac.mk