Почитувани читатели, го пренесуваме во целост известувањето од Комерцијална Банка А. Д. Скопје во врска со новата лажна наградна игра:
Почитувани,
Во текот на денешниот ден се појави лажна Facebook страна со име “Komercijalna Banka AD Skopje”, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. Лажната страна веќе е пријавена.
Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook и повторно Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет.
Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи.
Со почит,
Комерцијална банка.