Ликот на активистката против ропството Хариет Табман ќе го замени поранешниот американски претседател Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари, објави администрацијата на Џо Бајден.

Банкнотата со Хариет Табман, родена како роб во 1822 година, првично требаше да биде издадена минатата година, но беше одложена за време на претседателот Доналд Трамп, кој ја карактеризираше како „чиста политичка коректност“.

Бајден го започна процесот, а портпаролот на Белата куќа Jен Псаки рече дека Министерството за финансии бара начин да го забрза.

Ендрју Џексон беше сопственик на робови, а Хариет Табман, чие име беше Араминта Рос, беше активист за правата на црнците.

Родена е како роб во државата Мериленд, од каде побегна на север во 1844 година, каде што со помош на аболиционистите организираше 19 експедиции за време на кои беа ослободени 300 робови.

Сопствениците на робови од јужните држави ја уценувале главата на Хариет Табман на 40.000 УСД.

За време на американската граѓанска војна, таа шпионирала за армијата на Унијата.