Додека синдикатот на УЈП најавува генерален штрајк што би значел целосен прекин на работењето во Управата, оремиерот димитар Димитар Ковачевски сугерираше дека треба да се изнајде модел за проверка на имотна состојба на вработените.

– Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за  имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи, изјави Лукаревска во интервјуто за „Локално“.

Ковачевски откако почнаа штрајковите за повисоки плати на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи (УЈП), ги повика директорите на овие институции да најдат модел за „ветинг“ на нивните вработени.

Вработените од УЈП од 15 јули  секој ден од 10 до 12 часот штрајкуваат без да ги извршуваат своите обврски од работно место, а згора на тоа, веќе неколку дена не функционира електронскиот систем за наплата на даночните обврски?

-До овој момент не се соочуваме со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Со оглед на медиумската покриеност на случувањата во УЈП, јавноста  е запознаена со  периодот и времетраењето на  прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги. Но веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП, додава Лукаревска.