Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека освен слабиот економски раст и другите параметри се за никаде. Имаме пад од 17 отсто на бруто-инвестициите, огромен буџетски дефицит од 4,9 отсто од БДП и јавниот долг кој изнесува 62,1 отсто од БДП. Прашуваат за што ги потрошија парите на граѓаните и бизнисите и бараат одговори и одговорности.

Македонија со економски раст од само 1 отсто повторно е на дното во регионот. Земјите од регионот имаат далеку повисоки стапки на раст, а пред нас се Црна Гора со 6,6, Албанија 3,5, Хрватска 2,8, Србија 2,5 отсто…

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година, а од ВМРО-ДПМНЕ истите ги оценија како катастрофални за македонската економија.

-Владата на СДС и ДУИ во 2023 година оствари само 1 отсто економски раст, а планираа од 2,9 отсто, односно три пати понизок. Пред нас се Црна Гора со 6,6 отсто, Албанија со 3,5 отсто, Хрватска со 2,8 отсто и Србија со 2,5 отсто кои забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

Од партијата обвинуваат дека освен слабиот економски раст и другите параметри се за никаде. Имаме пад од 17 отсто на бруто-инвестициите, а беше планиран раст од 5 отсто.

-Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9 отсто од БДП, а планираа 4,6 отсто од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3 отсто од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред. Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1 отсто од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60 отсто. Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен катастрофален економски раст од 1 отсто, од партијата обвинуваат дека оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра, односно откако се на власта го зголемија за 3,8 милијарди. А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6 отсто.

Прашуваат за што ги потрошија парите на граѓаните и бизнисите и бараат одговори и одговорности.