Стана модерно денес да се зборува за инфлација и неизбежниот евентуален раст на цените во Македонија. На нашите медиуми, полни со приучени новинари, кои 99% од времето пишуваат за цицките на Цеца или безобразното фото на Сораја, сега се пре-ре-шифтуваат и пишуваат за инфлација и за неминовен пораст на цените.

Одстрана пак, класичното македонско хиенско којотство, маркетите и производителите, тријат раце со селско итрило и додаваат масло на фамава и прават хистерија дека тоа мора да се случи – се разбира за тие да имаат поголеми профити од бунилово и хистеријава. Стари коконки се тие…

Потоа, излегува Крали Марко, т.е. нашиов веќе пролупан премиер З.Заев – го вади боздоганон и го уби инфлацијана! Викат не смејт да имат инфлација! Го прогласуеме за умрено, ќе го операм инфлацијана ако дојт во Севернава. После Крали Марко, се јави и Црна Арапина од малцинството со посебни потреби – кој не уверуват дека ќе ги запреле цениве само се да е орајт. Тој мислит дека пазарниве механизми се рамковно вработување – плукни – залепи и ќе ги заприме цениве.

Потоа идет вујнине од Народна Банка – таму е советот на мудреци со неколку женски и со неколку машки вујни. Ќе верглаат , ќе верглаат ништо нема да разбереш, за на крај да поентираат дека инфлацијата ќе е висока, ама вујниве наши, како и целиов јавен сервис е тука за да зема плата, не за да нуди решенија, не?

На крај е македонскиов-авар граѓанин кој е ставен во предизборен погон. Пола Македонија е во кампања – другата половина треба да ги гласа. Двете половини се ставени во погон – едниве водат кон небиднина – другиве следат. Едниве се сликаат како бројлерчиња и бустираат на фејсбук со фејк насмевка и сако со потпуњачи – а другиве лајкуваат и треба да ги гласаат. Првиве ги шетет на вториве по митинзи и дешавки, вториве за пуста надеж следат, споделуваат и лижат. Првиве треба да бидат гласани само затоа што се сликани и бустирани на фејсбук. Нема идеја, мото, идеологија, реално ветување.. Само слики. Вториве ги гласаат првиве на основ кој е поличен или кого го има повеќе на фејсбук. И првиве и вториве – ајвар дивјаци – им е важно само ајварот да е достапен во доволни количини и по одреѓене цене. Ни првиве ни вториве абер имаат што не чека и што уствари глобално се случува а нас тоа нешто ќе не измети ко жути мрав.

За жал и на едниве и на другиве, мислам дека ајварот ќе биде доста скап зимава. А и нема да го има во доволни количини. Не дека подбаци македонската паприка – куртија, туку опасни донамби се случуваат на глобално ниво.

Прва пиперка која ќе ја јадеме и тоа мислам е прилично љута : Енергетска криза ни се заканува. Како и на цел свет, но ние немаме никаква алтернатива освен дрво, а јагленот веќе го средивме во Битола. Очекувајте прекини во енергетското снабдување зимава и понатаму, раст на цените на дериватите поради раст на светската берза како и се почестите прекини во ланците на снабдување поради корона пандемијата. Ајвар дивјаците треба да мислат на овој проблем.

Втората пиперка која ќе се јади и лута исто така: Храната на светско ниво ја има се помалку и растат основните цени. Ние увезуваме само пилешко во вредност од 140 милиони евра годишно. Нивите се запустија, сите ајвар дивјаци се преселија у Скопје, у Центар и уз посебна паштета гледаат Макс ТВ и се ИН. Ајвар дивјаците треба да мислат на овој проблем.

Третата пиперка е шампион: На светот му се заканува епска инфлација! Поради страшните монетарни олеснувања преку купувањето на државни обврзници по смешни услови и во САД и во ЕУ, за да се поттикне коњуктурата на пазарите – истиот се прегреа, но падот во понудата поради недостатокот на ресурси и примарно поради прекинувањето на ланците за снабдување поради пандемијата доведоа до нерамнотежа каде побарувачката ( луѓето имаат хартии – пари ) е поголема од понудата ( нема соодветна понуда колку што се бара на стоки ) и тоа неминовно носи до инфлација! Зборувам на светски рамки! Ајвар дивјаците треба да мислат на овој проблем.

Поради претходната пиперка – во глобалниот ресет, уште години пред пандемијава – Западот ги измисли криптовалутите. За да најде прибежиште какво-такво од ваков лут ајвар каков што ќе јадеме ние. Ги измисли и ја тригерова кризата и грицка сончоглед одстрана сега. Ајвар дивјаците треба да мислат на овој проблем.

Најлутата пиперка- мариовското јалапено – ќе се лапа поради неспособноста, неинвентивноста, простотилакот и уназаденоста на овој народ. Не произведува ништо… Или робува во странски компании за трошки од први до први, или мудрува во јавниот сектор и се иззживува над државниот буџет. Епа људи, долази време оскудације. Кредитното задолжение на земјава е веќе алармантно и повлекува должничка лавина. Допрва ќе се јадат лути пиперки. Допрва ќе треба да дојде Крали Марко и со боздоганот да ја прекрши јавната администрација – слепци на 4 дела и 3 од нив да отпушти. Допрва ќе доаѓаат кризите бидејќи никој нема да не кредитира веќе. Допрва ќе растат даноците и притисокот. Допрва ќе се отселуваат младите. Никој нема да сака да плаќа рати за кредити за пари со кои сме ги товеле децении трутовите во јавниот сектор. Допрва македонскиот гз на странскиот стап ќе треба да остави семка од лута пиперка, не ни е закажано. Ајвар дивјаците треба да мислат на овој проблем.

Но, што се овие проблеми? Најважно е дали мојот локален фејсбук-бустиран нашминкан и згоен дебил ќе ја добие трката во небиднинава. Ако мојов добие, можеби ќе добијам нешто и јас. А дотогаш ајвар Мамас. И повторно в газ….

 

Наум Димитровски