Нафтениот гигант Макпетрол АД Скопје и во првиот квартал од годинава откупува сопствени акции со што продолжува да го зголемува контото кое сега изнесува 3,49% од вкупниот број на акции.

За почеток на март Макпетрол направи откуп на 23 сопствени акции кои имаат просечна вредност од околу 500 евра според последните движења на цената на акцијата на нафтената компанија.

„Согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека Макпетрол АД Скопје се стекна со 23 сопствени акции и сега поседува 3.918 сопствени акции што претставува 3,49% од вкупниот број на акции на издавачот Макпетрол АД Скопје“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

Со оваа нетрговска трансакција Макпетрол досега во текот на 2018 година го изврши вкупно петто преземање со откуп на сопствени акции.