„Помеѓу трите земји од иницијативата Отворен Балкан најмногу во Македонија граѓаните ја поддржуваат и ја познаваат“ рече Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета.

Таа додаде дека и во Црна Гора, која не е формално дел од иницијативата, граѓаните пројавиле интерес за приклучување.

„За Отворен Балкан имаше и политички спроитвставености, па оттаму поддршката не е и на повисоко ниво, како што би можело да биде“ рече Мангова.

Таа додаде дека иницијативата е препознаена како позитивна во Македонија, бидејќи тука и добро биле промовирани нејзините придобивки за граѓаните.