Трговијата на големо со сончогледово масло на стоковите берзи и пазарите повторно се забрзува. Во текот на изминатата година, цената на маслото се искачи за 8 % на 72 денари за литар, а од почетокот на месецот зголемувањето е за над 20 денари.

Од почетокот на годината, сончогледовото масло поскапе за 26,6% или скоро 30 денари за литар, додека за половина година цената се зголеми за повеќе од 60 %.

Ваквото зголемување на цената на зејтинот при помала потрошувачка и сериозна конкуренција на пазарот е опасен тренд. Зошто се случува тоа?

Првата причина е значително зголемување на цената на суровините.

На светските берзи на стоки, со сончоглед се тргуваше околу 750 УСД по тон, наспроти 350-390 УСД по тон една година порано, што е скоро двојно зголемување.

Втората причина е дефицит и намален узвоз

Излезе дека во февруари – април годинава нема узвоз на сончоглед – реколта 2020 од повеќе добавувачи низ светот.

Недостатокот на сончоглед ги натера рафинериите да ја снабдуваат суровината од странство, што е исто така фактор во порастот на цената на сончогледовото масло.

Увозот на сончоглед во првите пет месеци од светскиот пазар 2020/21 година е за 16,9% поголем од пријавениот за истиот период минатата сезона, според „Агростатистик“.

Третата причина е што посеаните површини се намалуваат.

И уште еден важен факт не само за дефицитот на сончоглед, туку и за неговото продлабочување е дека за периодот од 9 април 2020 година – 8 април 2021 година, посеаните површини со сончоглед се намалени повеќе од 2 пати на светско ниво.

Затоа прогнозите на агро-експерти се едногласни – сончогледовото масло ќе продолжи да поскапува!