Заради особен придонес во работата на Македонската банкарска асоцијација во 2022 година четворица вработени од Комерцијална банка се здобија со благодарници.

Признанието им беше врачено на Билјана Митевска, член на Комисијата за платен промет во земјата и странство, Татјана Лескароска-Миноска, заменик претседавач на Комисијата за ризици, Билјана Адамческа, член на Комисијата за платен промет во земјата и странство, и на Бојана Цветковска Панчевска, заменик-претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи при МБА.

Благодарниците им ги врачи претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, порачувајќи дека Македонската банкарска асоцијација го цени новниот придонес за уште поуспешно и поефикасно функционирање на Aсоцијацијата и на целокупниот банкарски сектор во земјава.

Македонската банкарска асоцијација им се заблагодари на добитниците за посветеноста во 2022 година, со надеж дека соработката ќе продолжи и во 2023 година.

Комерцијална банка им ги честита признанијата на своите вработени, со чиј успех се гордее затоа што тој е уште една потврда на нивната професионалност, посветеност и стручност.

Извор: kb.mk