МБИ10 индексот на Македонска берза достигна нов скок на вредноста заклучно последниот ден од јануари со 2.824,49 индекси поени што е одличен раст во текот на целиот прв месец од 2018 година.

МБИ10 индексот јануари го започна со 2,544 индексни поени и во изминатите триесетина дена постојано растеше. Во МБИ10 индексот се содржани акциите на десетте најдобри компании кои се дел од пазарниот сегмент на хартии од вредност.

Споредено со годишниот максимум во 2017 МБИ10 индексот е на добар пат да го достигне резултатот од 2.824,44 индексни поени, па и во наредните денови да го надмине со оглед на позитивниот нагорен тренд.

Вообичаено јануари е добар месец за тргување на акции на Македонска берза и тогаш се забележува поголема раздвиженост кај инвеститорите, но и на некој начин претставува и добар индикатор за трендовите во македонската економија.

Пазарната капитализација на компаниите кои се дел од МБИ10 индексот изнесува 87,8 милијарди денари со коефициент на добивка од 11,49% што исто така е солиден индикатор за пазарот на капитал.

 

31.01.2018  12:24