Досега најниската месечна плата во Турција беше околу 350 евра, а од Нова година ќе се покачи на 520 евра. Информацијата за зголемувањето ја соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турција ја зголеми минималната месечна плата за 49 отсто, на 17.002 турски лири (што е 520 евра) за 2024 година, јавува Анадолија.

„Задоволни сме со новата сума, бидејќи уште еднаш го исполнивме ветувањето дека нема да ги оставиме нашите вработени на цедило поради инфлацијата“, рече турскиот министер за труд Ведат Исихан во Анкара.