Минимален пораст на цените и намалена трговска маржа кај основните производи, утврдија Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, базирајќи се на направената компаративна анализа на движењето на цените. Најголем скок има кај хигиенските производи од 1,42 насто, а кај маслото за јадење, сирењето и јајцата зголемувањето е за 0,45 проценти…

Минимален пораст на цените и намалена трговска маржа кај основните производи, утврдија Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, базирајќи се на направената компаративна анализа на движењето на цените. Најголем скок има кај хигиенските производи од 1,42 насто, а кај маслото за јадење, сирењето и јајцата зголемувањето е за 0,45 проценти.

Според извештајот, намалување на цените има кај овошјето, зеленчукот и безалкохолните пијалаци. Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири, со различно ценовно позиционирање од февруари до април годинава.

Ќе се следат пазарните состојби и доколку е потребно, ќе има соодветни мерки за стабилизација на цените, велат од Економија.