Согласно проекциите на Министерството за финансии за растот на платите во наредните 4 години, повеќе од сигурно е дека ветувањето за просечна плата од 34.000 денари е далеку од достижно.

Министерството за финансии проектир благ пораст на просечната плата и тоа: 3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024)

Просечната нето-плата за 2020 година врз база на тенденциите во првите 11 месеци заклучно мецес ноември, изнесува околу 27.000 денари
Ако просечната нето-плата расте согласно проектираната динамика од страна на Министерството за финансии (3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024), тогаш би изнесувала:

2021 година – 27.810 денари
2022 година – 28.780 денари
2023 година – 29.900 денари
Јули 2024 година – 30.500 денри

Оваа проекција целосно го негира предизборното ветување на Зоран Заев и СДСМ за плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, а и изборното ветување од 2016 година за плата од 500 евра која оваа проекција едвај ја достигнува.