Министерството за финансии и УНДП денеска организираат дебата посветена на детектирањето и намалувањето на неформалната економија.

Најавено е обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаскаамбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменичката на постојаната претставничка на УНДП Сања Бојаниќ.

Настанот се одржува во рамки на проектот „Поддршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии”, кој е финансиски поддржан од Министерството за финансии на Република Словачка и Словачката агенција за развојна соработка.