Младите во Македонија повторно ќе имаат можност да користат европска младинска картичка со низа поволности и попусти, соопшти министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.
На Регионалниот форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност, што се одржа во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, Велковски оцени дека во изминатите години не се работело доволно системски во областа на младите.
Тој за наредниот период најави интензивни регионални и локални средби со сите градоначалници во Македонија, каде што сите овие прашања ќе бидат директно отворени, а ќе се разговара и за буџетите коишто се издвојуваат за младите и младинските политики во самите општини.