Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека очекува програмата за замрзнување на долговите на најсиромашните земји кон оваа меѓународна финансиска институција да биде продолжена во следната 2021 година, пишува Ројтерс.

За време на форумот на ММФ за ковид-19 кризата во земјите во развој, Георгиева рече дека најдобрата вредност на потрошувачката земјите во криза е онаа поврзана со инвестициите чија намера е да се забрза дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот.