• Парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ го изгласаа пакетот закони за Бехтел и Енка.
  • Намерата ја истераа со употреба на европското знаменце за што ЕУ ги предупреди дека е злоупотреба на суштината на таквата процедура.
  • „Ова е враќање во феудално општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите“, вели Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“