Владата планира да се задолжи за огромни 24,3 милиони евра. Имено, на 28 овој месец закажано е ново задолжување од огромни 24,3 милиони евра кое е  објавено на  официјалната страна на Народна банка на Република Македонија .

Според експертите владата континуирано и без причина се задолжува додека вложувањето во капиталните проекти е очајно ниско.  Во тој случај се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Голем дел од економистите континуирано излегуваат со критики кон владата за расипничкото и неекономско работење со парите на граѓаните додека стратешките проекти кои се од долгорочен  интерес на државата изостануваат.

Дополнително јавниот долг на државата  според сите извештаи на реномирани финансиски институции расте и ја надмина психолошката граница од 50 %.