Лебот поскапува за 10%. Маслото за јадење пак се продава по цена од над 100 денари за литар. Вработените во продавниците велат дека секој ден менуваат цени. Познавачите пак велат дека бранот на поскапување само што започна. Во наредниот период ќе се види вистинскиот ефект од скапата струја. Производителите на прехранбени производи се префрлаат на Универзалниот снабдувач затоа што компаниите со кои имале договори пропаѓаат. Сега струјата ја плаќаат по 19 денари за киловат што за нив е неиздржливо и затоа цените допрва ќе растат.

Синдикатот бара Владата итно да реагира со двата механизми кои и стојат на располагање. Замрзнување на цените и зголемување на сите плати.

Вкупно, според статистика, трошоците за живот за една година се пораснати за 4,1%. Само храната е поскапа за речиси 5%. Горивата поскапеле за близу 32%, гасот за 33%. Овие поскапувања се настанати без промена на цената на струјата.

Министерот Бектеши неодамна најави ограничување на цените на основните производи, но досега такво решение нема. Српската влада пак вчера веќе интервенираше и ја ограничи цената на лебот на 46 динари или 23 денари.

 

Извор: Ценометар.мк