Италијанските и англиските медиуми вчера објавија дека Бернард Арно, сопственик на познатата марка Луис Витон и најбогат европеец, е подготвен да го купи фудбалскиот клуб Милан за дури една милијарда евра.

Богатството на Арно се проценува на 90 милијарди евра, а сегашниот сопственик на Милан, Елиот Менаџмент Корпорејшн, наводно, нема намера да го продаде клубот и досега ги отфрлил претходните понуди кои се движеле меѓу 500 и 800 милиони евра.

ФК Милан се уште е во процес на стабилизација, како финансиски, така и резултатски, а во моментов, ниту во италијанското првенство не бележат одлични резултати.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк