Комесарот за внатрешни работи на Европската комисија, Илва Јохансон, предупредува дека земјите-членки на ЕУ ќе мора да се соочат со тешки предизвици како што старее населението на континентот. За време на нејзината посета на Грција, таа рече дека „работното население во ЕУ се намалува за еден милион годишно, што значи дека легалната миграција треба да се зголемува за речиси еден милион годишно“.

Според неа, како што пренесува АП, постои итна потреба да се откаже од илегалната миграција и „да се најдат повеќе легитимни алтернативи“, објави АлЏезира Балканс.

Европската комисија се обидува да ги ревидира миграциските правила низ Унијата пред крајот на овој мандат и изборите за Европскиот парламент во јуни, а прелиминарен договор беше постигнат минатиот месец. Според проекциите на статистичката агенција Еуростат, учеството на населението над 65 години ќе се зголеми од 21,1 отсто во 2022 година на 31,3 отсто до крајот на векот.

Иако загриженоста за миграцијата ја зајакна поддршката за екстремно десничарските и анти-ЕУ партии во многу европски земји, Јохансон тврди дека „предизвикувањето ксенофобија и расизам се генерира од илегалната миграција“.