Португалската агенција за заштита на животната средина одобри отворање на голем рудник за литиум на северот на земјата.

Ова би можело да поттикне поголемо производство на електрични автомобили во Европа, пишува SEEBiz.

Сопственикот на  рудник, „Савана ресорсис“, веќе ја поздрави одлуката. Британската компанија доби одобрение за проектот уште во 2021 година, но мораше дополнително да ги приспособи плановите. По позитивната одлука на португалската агенција за заштита на животната средина, тие се надеваат дека до 2024 година ќе добијат конечно зелено светло за проектот за рудникот.

Британските сопственици ќе мора да исполнат низа предуслови, како што се ограничување на отстранувањето на вегетацијата од проектното подрачје, забрана за користење на вода од блиската река и уредување по завршувањето на екстракцијата на литиум.

Мора да подготват и „социјално-економски компензациски пакет“ за општините каде што ќе се наоѓа рудникот.

На вадењето литиум се противат португалските екологисти и локалната заедница во регионот Баросо, кој е класифициран како заштитено подрачје поради неговото земјоделско наследство, и бараат поголема транспарентност и построга регулатива од властите.

Северот на Португалија е меѓу областите најбогати со литиум во Европа и моментално е најголемиот производител на континентот, но овој литиум речиси исклучиво се продава на керамичката индустрија, додека уделот во производството на висококвалитетен литиум за производство батериите на автомобилите се екстремно ниски.