Шведскиот најсеверен град Кируна прави преселба вредна една милијарда долари, три километри  источно од местото каде што се наоѓа сега, откако почна да тоне поради рударските тунели ископани во текот на минатиот век. 18.000 жители на Кируна се преселиле во неколку фази во текот на минатите и следните неколку години, а градската сала на новиот град била изградена пред неколку години, пишува The New York Times. Ако градот не се пресели, голем дел од него ќе се распадне и пропадне во земјата. Рударската компанија Luossavaara-Kiirunavaara AB помага да се финансира овој потег.