Унца злато на светската берза достигна цена од речиси 2.000 долари.

– Ова во моментов е највисоката цена во последните 50 години, изјави економистот Игор Гавран, пренесува Бизнис инфо.

Тој истакна и дека некои земји многу брзо и лесно решиле да ги окупираат туѓите резерви.

– Златните резерви и нивното купување е секогаш добра одлука бидејќи златото не подлежи на кризи. Златото е ограничен и вреден метал, кој ѝ дава стабилност на националната валута и на економијата на секоја земја воопшто, рече Гавран.

Гавран вели дека цената на златото по пандемијата на корона вирусот сѐ уште е висока.

– Во моментов сме во време кога една криза заменува друга, а вредноста на златото нема да се врати на почетната вредност, посочи тој за РТРС.

Тој додаде дека купувањето злато е секогаш паметна инвестиција.