Најдобра инвестиција во моментов во Србија е вложувањето во недвижности. Во последните две години, овие недвижности се купувани од луѓето од Србија и од опкружувањето. Според директорот за продажба во Белград на вода, Милован Савиќ, најчесто тоа се српски бизнисмени, српски деловни луѓе, вработени во индустриите, ИТ, кој било што заработува доволно пари и што има визија дека најдобра инвестиција во Србија моментално е вложувањето во недвижности.

Савиќ истакнува дека дијаспората била таа што прва го препознала потенцијалот на Белград на вода и дека токму луѓето од дијаспората биле тие што први купиле станови на таа локација.

Како што анализира В92, цените за квадратен метар и натаму се највисоки во Белград.

– Еве, како пример ќе земеме една премиум зграда што не е веднаш до реката и нема отворен поглед кон неа, но е многу блиску и со поглед кон неа. Најниската цена е околу 3.750, а највисоката околу 5.200 евра за квадратен метар – открил Савиќ.

На прашањето дали луѓето купуваат во готовина или, сепак, се одлучуваат за кредит, Савиќ вели дека не се многу оние што купуваат на кредит.

– Не само во Белград на вода, ги нема ни во Србија глобално. Значи, купувачите доаѓаат во Белград на вода доминантно како купувачи со готовина – изјавил Савиќ.