Од 15 декември стартува наградна игра МојДДВ#Моја награда за граѓаните коио скенираат фискални сметки. Покрај  повратот на 15 проценти од ДДВ тие ќе имаат шанса и за парична награда, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Секој ден ќе се извлекуваат до 10 парични награди: Четири  во износ од по илјада денари, три од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари.

Секој месец, пак,  ќе има 12 извлекувања за 15 награди од по 100.000 денари.

Предвидени се и две главни премии од по 3 милиони денари.

Првото извлекување за главна награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.