saudi_1880139bЦените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари се зголемиja во близина на 41 $, поддржани од планот на големите производители следниот месец да се состанат за да разговараат за поттикнување на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта се зголеми за 51 цент во однос на претходното затворање на 40,84 $. На американскиот пазар се тргува за 62 центи повисока цена од 39,08 $ за барел.

Цените на нафтата се катапултираа од конкретните информации за состанокот на големите производители, на кој ќе се дискутира за замрзнување на производство. Производителите во рамките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и некои надвор од оваа група ќе се состанат на 17 април во Доха за да разговараат за планот за замрзнување на производството. Состанокот може да резултира со првиот глобален договор за производство во последните 15 години.

Дополнителна поддршката пружа послабиот долар, откако од ФЕД ги пригушија очекувањата за зголемување на клучните каматни стапки пред јуни.

Инвеститорите се охрабрени и од неочекувано малиот пораст на залихите во САД минатата недела кои сепак достигнаа ново рекордно ниво.