nafta 1Цената на нафтата на меѓународните пазари се зголеми како последица на објавата на Исламската држава дека превземале контрола врз ирачкиот град Рамади.

На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 37 центи во однос на предходното затворање, на 67,18 долари. На американскиот пазар се тргуваше за 48 центи повисока цена од 60,17 долари.

“Градот Рамади претставува стратешка победа на ИД. Фактот дека ИД и покрај едногодишните воздушни напади и понатаму спроведува големи воени акции ги потврдува оценките дека Ирак уште долго време ќе остане неставилен” констатира Ричард Малинсон од лондонскиот Energy Aspects.

Советодавната компанија Baker Hughes во петокот извести дека бројот на бушотини на копно повторно се намали, но дека темпото на пад е забавено последниве недели. Тоа сугерира дека можеби се ближи крајот на падот на бушотини пред се поради опоравувањето на цената на нафтата.

ОПЕК објави дека цената на нивната нафта во петокот изнесувала 62,74 долари, што значи пониска цена за 39 центи во однос на предходниот ден.