Во Галеријата на НЛБ Банка во Скопје денеска ќе се одржи настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, објавен од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија.

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Словенија, воведно обраќање ќе имаат Евгенија Серафимовска Кирковски, раководител на Секторот за ЕУ-фондови и друга странска помош при Секретаријатот за европски прашања и амбасадорот Грегор Прескер.

Најавено е и присуство на директорот на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Дејан Прешичек, како и на раководителката на Секторот за меѓународна развојна соработка Мојца Копше преку чија презентација присутните ќе имаат можност да се запознаат подетално со критериумите, условите и постапката на аплицирање, како и сите други прашања кои се од интерес за учество на повикот.