Хакерите ќе можат наскоро да дознаат што внесувате во вашиот телефон преку слушање како се движите низ екранот на вашиот телефон. Со помош на малициозен софтвер, хакерите ќе можат да се „сместат“ во микрофонот на вашиот телефон и да ги интерпретираат звучните бранови за да дешифрираат што се внесува во телефонот преку прислушување на екранот. Ваквите информации може да им дадат на злонамерните корисниците траги за клучните детали како лозинката на вашиот телефон. Иако овие акустични напади се веројатни во овој момент, експертите укажуваат дека корисниците на телефони треба да преземаат апликациите само од доверливи извори и да не даваат пристап до микрофон на апликации што  бараат такви привилегии.