Директорот на руската државна нафтена компанија „Транснефт“, Николај Токарев изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година.

„Тие рекоа дека од 1 јануари нема да купуваат нафта од Русија, а сега добивме барања од полски компании за набавка на три милиони метрички тони следната година. И Германија испрати барање за првиот квартал од следната година“, изјави Токарев за ТВ Русија 24.

Податоците што ги презентираше директорот на Транснефт се во спротивност со индициите дека Полска имала намера да се откаже од договорот за купување на руска сурова нафта, рече тој, пренесува Ројтерс.

ЕУ претходно одлучи да престане да купува руска нафта преку поморски патишта од 5 декември, при што западните земји исто така воведоа ограничувања на цената на руската сурова нафта, но нафтоводот Дружба преку кој Полска увезуваше руска нафта беше изземен од санкции.