valute-640x330На меѓународните валутни пазари доларот во средината на минатата недела значително зајакна откако ФЕД објави дека може да ги зголеми каматните стапки во декември, но тие придобивки ги изгуби по знаците за забавување на растот на американската економија.

Девизниот курс на еврото минатата недела во однос на американската валута на ослабна за 0,1 проценти на 1,1005 $. Еврото ослабна и во однос на јапонската валута, за 0,8 проценти на 132,75 ¥. И доларот ослабна во однос на јенот за 0,7 проценти на 120,60 ¥.

По дводневната седница во средата водачите на ФЕД најавија дека благодарение на скромниот раст на економијата можно е потенцијално зголемување на каматните стапки во декември.

Таа порака предизвика силен раст на американската валута, па девизниот курс на еврото падна на 1,0896 $, што е најниско ниво во последните два и пол месеци.

Сепак, до крајот на неделата малку се подобри после новите економски показатели од еврозоната, како и малку послабите отколку што се очекуваше показатели од САД.

Американскиот бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал порасна за 1,5 проценти на годишно ниво, што е помалку од очекуваните 1,6 проценти и многу побавен во споредба со 3,9 проценти раст во претходниот квартал.

И покрај тоа што многу аналитичари веруваат дека забавувањето во најголемата економија во светот е привремено и дека во четвртиот квартал може да забрза, инвеститорите се претпазливи во последните неколку дена.

“На ФЕД ќе и биде тешко да го оправда зголемувањето на каматните стапки, во време кога приходите, потрошувачката и инфлацијата е ниска. По последните податоци, помалку е веројатно дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки во декември”, изјави Jay Morelock, економист во FTN Financial.